среда, 18. фебруар 2009.

Да ни биде плодна и родна годината,....


сабота, 14. февруари 2009 Час 13:48.

 Денеска е Св. Трифун ,светец-чувар на лозови насади и виното,али ќе искористам прилика во овој текст поинаку да го обележам денот.
Богата македонска винарска традиција почнала уште

 во времето на Филип втори и неговиот син Александар,во времето на кралското  семејство кое знаело да цени добра вина.
За време на римско царство  традицијата продолжува,а Македонија како дел од источна римска империја до седмиот век е нејголем и најважен регион за одгледување на лозата во империјата.
Лозарството пордолжува и слободно се развива до четиринаесетиот век.
За време на отоманското царство во период од 1350 до 1918 година винарството се одржувало во македонските манастири.
Македонија е една од  земјите со најстара традиција на лозарството и винарството,па тогаш што се тоа денес случува??????????
За жал македонски вина не се така популарни во светот и многу е тешко за Македонија да се натпреварува со земји винопроизводители како што е Франција и Италија (и ако, историски гледано традицијата во тие земји дојдена е од Мкаеоднија!!!!!!!!!!!!) и сите новонајдени земји како  Австралија,Јужна Африка и Чиле.
Вероватно големи грешки се прават во презентација на нашите вина на странските пазари.
Винарите ги обвинуваат политичарите, бизнисмените ги обвинуваат лозарите и се така во круг, додека за тоа време луѓето полека се трудат да го промовираат виното во светот со голема помош на USAID.
Денеска 4000 мали лозари со лојзињата со просечна површина од 2,3 ха доминираат во  лозарството. Тие го продаваат грозјето на средни и мали винарски визби кои го произведуваат и пласираат виното. Во Македонија има околу 38 винарии,од кои 25 извезуваат вино во 26 разни земји широм свет.
Македонските вина фантастично се покажале на натпреварите во последните  години,освојувајки неколку награди и медали на саемските случувања како што е International Wine Challange во Англија и Mundus Vini во Германија каде шардоне на "FONKO"
го доби златниот медал за 2006 година.
Овие медали се многу битна маркетиншка алатка за нашите винари , кои во исто време им   овозможуваат познавачите на вина од целиот свет да направат споредба на наши вина со  останатите вина од цел свет , и како тие котираат во споредба со останатите на интернационалниот пазар.
Македонските вина се навистина "ГОЛЕМИ ВИНА ".
Подобрена амбалажа па во убави шишиња патуваат до Германија, Холандија. Јапонија, Обединетото кралство, САД.
Во моментот Макдеонија е четвртиот голем извозник на вина во Германија.
На тие што непробале македонски вина можам да кажам дека
"СЕУШТЕ НЕЗНААТ КОЛКУ Е ЛЕСНО ПИЕЊЕТО .
  А КОЛКУ Е ТЕШКО ПИЈАНСТВОТО".

Нек ни е честит празник Св.Трифун ,
нек ни е за многу години празникот...........на здравје :)


   Текстот е на Majda

  

Нема коментара:

Постави коментар